X
 04.01.2020 Култура

Најочекуваните филмови за 2020 година

Годината зад нас беше богата што се однесува до филмските хитови, но 2020 година уште повеќе ветува - излезе листата со најочекувани филмови во 2020 година.

„Гардијан“ ја направи листата со филмови што треба да ги наполни киносалите во 2020 година, а најчесто станува збор за семејни и акциони филмови.

„Mulan“



Во 2019 година познатите цртани на „Дизни“ како „Кралот лав, „Аладин“, „Дамбо“ веќе добија свои нови верзии, па 2020 година е резервирана за „Мулан“. „Гардијан“ пишува дека овој филм ќе ја врати публиката во кината и ќе биде еден од најгледаните. Филмот ја следи приказната за младата девојка која се маскира во маж за да оди во војска наместо нејзиниот татко.

„The Witches“



Во филмот „The Witches“ од 1990 година главната улога ја имаше легендарната Ангелина Хјустон, а сега оваа улога ќе ѝ припадне на Ен Хатевеј. Дејството во филмот е сместено во Алабама во 60-тите години, а режисер на филмот е Роберт Земекис.

„Onward“



Приказна за две момчиња чии гласови ги позајмуваат Том Холанд и Крис Прат. Двајцата се обидуваат во нивниот живот да го вратат својот татко. Секако, како и во секој ваков филм, работите не тргнуваат како што треба.

„The Secret Garden“



Познат филм од 90-тите години добива своја адаптација, овој пат со Колин Фирт во една од главните улоги.

„Ghostbusters“



Филм за истерувачи на духови во кој главните улоги во 2016 година ги имаа актерките Мелиса Мекарти и Кристен Виг, но филмот не ги воодушеви гледачите. Затоа, последниот филм во серијалот директно го следи оригиналот од 1984 година и продолжението од 1989 година. Во филмот играат Пол Рад, Кари Кун и Фин Волфхард.

„Dolittle“



Роберт Дауни Џуниор се појавува во улога во која веќе се појави Еди Марфи. Тој ќе открие дека може да ги разбира животните.

„No Тime Тo Die“




Новиот филм на познатиот агент 007 Џејмс Бонд оваа година пристигнува на големото платно. Уште еднаш го гледаме Даниел Крејг, а неговиот непријател ќе го глуми Рами Малек.

„Fast and Furious 9“


Вин Дизел се враќа како уличниот тркач Дом Торето. Во овој дел ќе ја гледаме и прекрасната Шарлиз Терон.

„Top Gun: Maverick“



Иако според „Гардијан“ никој не е сигурен зошто е снимено продолжение од легендарниот филм, една од причините можеби е да се покаже дека Том Круз сè уште е во одлична форма.

„Godzilla vs Kong“


И претходно имаше филмови за Годзила и Кинг Конг, но не ваков. - Ова ќе биде моќна борба за која ќе се зборува наредните години - пишува „Гардијан“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура