X
 15.01.2023 Култура

Како биле претставени 40-годишниците во филмовите од 90-тите години?

Една објава на „Твитер“ која посочува на интересен факт поврзан со филмовите од 90-тите години стана предмет на расправа на оваа социјална мрежа.

Имено, фотографија во објавата покажува значајна разлика во однос на стандардите за убавина денес и во 90-тите години. Начинот на претставување на улогите во однос на нивната возраст драстично се разликувал тогаш. Џенифер Лопез, Џенифер Анистон, Софија Вергара, Пенелопе Круз и Анџелина Џоли се некои од актерките што ги поминаа 40-тите години, но и денес изгледаат одлично. Меѓутоа, нивните врснички во филмовите на крајот од 20 век се претставени сосема различно.

Режисерката Џесика Елис на својот профил на „Твитер“ сподели фотографија од вториот дел од филмот „Таткото на невестата“ (Father of the bride). На неа може да се видат Стив Мартин и Дајен Китон, кои во комедијата се претставени како 45-годишни.

- Неверојатна работа која се сменила во 30 години е дека во 1995 година вака требало да изгледа еден 45-годишник - напишала Елиз.



Објавата предизвикала силни реакции. Некои корисници на социјалната мрежа напишале дека нивниот изглед е одраз на стилот на облекување во тоа време, додека други се согласиле дека луѓето во 40-тите години тогаш биле претставени како постари.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура