X
 04.01.2022 Забава

Кијану Ривс донирал 70 отсто од платата од „Матрикс“ за наоѓање лек за леукемија

Кијану Ривс се смета за еден од најхуманите актери во Холивуд, а тоа неодамна го потврди кога откри дека донирал 70 отсто од хонорарот од првото продолжение на „Матрикс“ за наоѓање лек за леукемија.

На помладата сестра на Кијану, Ким, во 1991 година ѝ била дијагностицирана леукемија, вид рак на крвта. Ким се борела со болеста 10 години. Кијану паузирал со работата и го продал својот дом за да се грижи за неа, а затоа биле и одложени продолженијата на првиот дел од филмскиот серијал.


Тој, исто така, открил дека донирал околу 70 отсто од платата од филмот за истражувања за да се пронајде лек за леукемија. Во тоа време Кијану основал хуманитарна организација за поддршка на луѓето и децата што живеат со рак, но не ја поврзал организацијата со неговото име. Тој не зборувал многу за организацијата бидејќи не сакал да се поврзува со неговиот лик и слава.

Кијану и неговата сестра Ким биле многу блиски откако пораснале заедно во тешки услови. Нивниот татко ги напуштил кога Кијану имал две години, а подоцна бил во затвор поради поседување дрога. Децата често се селеле со мајка им, па така живееле во Австралија, Хаваи, Њујорк и во Канада.

Извор: Klix
Фото: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава