Битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ ќе издвои 200.000 денари парична помош за жителите од најпогодените поплавени подрачја. Истовремено, универзитетот започнува акција за собирање помош која ќе биде спроведена во сите високообразовни институции во рамките на самиот универзитет.
Од универзитетот апелираат до сите професори, студенти и граѓани да учествуваат во акцијата и да им помогнат на загрозените семејства.
Од универзитетот изразуваат длабоко сочувство кон семејствата на загинатите и настраданите во невремето кое го зафати подрачјето на Скопје и околината.