X
 04.01.2023 Живот

Бидете дел од првата академија за дигитална B2B продажба и подгответе се за иднината на дигиталната продажба

B2B Digital Sales Academy е првата академија за развој на вешти B2B професионалци за дигитална продажба во Македонија. Фокусот на програмата е совладување напредни вештини за креирање автоматизирани продажни кампањи што ќе носат до 10 пати поголем број на продажби.

Оваа академија е идеална за ентузијасти и амбициозни луѓе кои сакаат да го променат статус квото во нивниот живот, подготвени се да направат сѐ што е потребно и да се вложат во работата. Единствените критериуми за учество во академијата се познавање на англискиот јазик и силна желба за учење и развој.

Она што ја прави оваа програма уникатна е тоа што студентите ќе имаат можност да почнат да заработуваат додека студираат на академијата. Тие ќе имаат шанса да бидат дел од тимот на International Marketing Agency по успешното завршување на програмата.

B2B Digital Sales Academy е креирана од Борче Манев, извршен директор и основач на International Marketing Agency, компанија која успешно им помага на над 100 клиенти да ги зголемат своите продажби и приходи. Борче ќе вложи 11+ години од своето искуство во меѓународна продажба и развој на бизнисот во оваа академија за продажба.

Преостанатите програми и обуки за продажба на пазарот не го покриваат B2B (бизнис кон бизнис) сегментот, кој е клучен за иднината на дигиталната B2B продажба. За да одговори на најновите барања на пазарот, наставната програма на академијата е внимателно развиена со фокус на еластичните вештини.

- Пред човек да одлучи да се промени или да започне нова кариера, треба да има соодветна мотивација и да ја разбере психологијата зад она што го кочи да напредува. Токму ова е темата на првиот модул на академијата, со цел студентите да можат да го приспособат и калибрираат својот начин на размислување за раст и константно подобрување. Дополнително, тие ќе ги совладаат основите на дигиталниот маркетинг и ќе научат како да лансираат и да водат успешни кампањи за да добијат нови клиенти. Учесниците ќе се запознаат со алатките и системите што можат да им помогнат да го зголемат до 10 пати својот резултат во споредба со просечниот маркетер или агент за продажба. Ќе научиме како се пишуваат продажбени и маркетинг-текстови за да привлечеме потенцијални клиенти, како да ја негуваме соработката со нив и да склучиме голем број договори. Откако ќе се апсорбира примарното знаење, учесниците ќе работат на кампањи со вистински клиенти за да добијат практично искуство. Тие ќе научат како сами да креираат системи за подобрување на продажбата и генерирање побарувачка или да останат да работат во International Marketing Agency - објаснува Борче Манев.



Студентите ќе имаат шанса да учат од едни од најистакнатите B2B експерти за дигитална продажба од Македонија и од регионот, кои ќе ги споделат своите уникатни искуства и практики за успех во дигиталната продажба.

- Подготвени сме да споделиме сè што знаеме за тоа како се создаваат вешти B2B дигитални продажни професионалци. Учесниците ќе се здобијат со технички вештини за да генерираат кампањи за автоматизација на продажбата и да ги стават овие вештини во практика, работејќи на кампањи со меѓународни клиенти. По успешното завршување на академијата, тие ќе знаат како да го зголемат својот досег, да продаваат 10 пати повеќе и да генерираат приходи како никогаш досега.

Академијата за дигитална B2B продажба ќе започне во средината на јануари 2023 година и ќе трае 3,5 месеци. Инвестицијата за целата програма е 1.050 евра. Часовите ќе се одржуваат онлајн и во живо.

- Главната причина поради која ја развивме оваа академија е да ги обучиме луѓето како да влијаат врз нашето општество и бизнисите за кои ќе работат. Сè што треба да направите е да инвестирате во себе, бидејќи тоа е единствената вештина што некогаш ќе ви биде потребна за финансиски да го поддржите вашето семејство и начин на живот. Имајте на ум дека најуспешните луѓе во светот се претприемачи кои знаат да продаваат, што значи дека можностите што ги имате во продажбата се бесконечни. Не постои компанија која нема да вработи добар и квалификуван агент за продажба со уникатен сет на вештини. Запомнете: трошокот е многу поголем ако не инвестирате во себе денес!



Доколку сакате да се запишете на оваа иновативна Академија за дигитална B2B продажба или да дознаете повеќе, можете да ја прочитате и преземете целосната програма овде, или контактирајте нè директно на admin@internationalmarketingagency.com.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот