X
 04.01.2023 Живот

Ова е државата во која не е забележан ниту еден грабеж на банка во 2022 година

Данска не забележа ниту еден грабеж на банка во 2022 година. Ваквите грабежи нема да имаат многу смисла со оглед на тоа што готовинските трансакции во земјата речиси се надвор од употреба.

Данците сѐ повеќе користат картички и паметни телефони за плаќање. Синдикатот на вработени во данските банки во вторникот ја поздрави веста дека 2022 година била без грабежи. Портпаролот на синдикатот, Стин Лунд Олсен, изрази задоволство, наведувајќи дека грабежите предизвикуваат апсолутно екстремен притисок врз вработените секогаш кога ќе се случат.

Од „Фајненс Денмарк“, здружение на банкарскиот сектор, рекоа дека само околу 20 филијали на банки низ земјата користат готовина. Сепак, беше наведено и дека бројот на филијали на банки паднал од 219 во 1991 година на 56 во 2021 година.

Данските медиуми известуваат дека повлекувањето готовина во Данска се намалува за околу три четвртини годишно во последните шест години.

Во 2000 година биле евидентирани 221 грабеж на банки, додека во 2021 година е забележан само еден.

Ограбувачите првично го пренасочиле вниманието од филијалите на банките на банкоматите, а бројот на такви напади го достигнал врвот во 2016 година, кога имало 18 грабежи.

Но, и бројот на вакви грабежи падна на нула поради подобар надзор и техничка заштита.

Од „Фајненс Денмарк“ велат дека последниве години криминалците се насочиле кон измама на луѓе преку интернет.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот