X
 21.09.2019 Живот

Монтажна куќа направена од канти за ѓубре

Данската компанија „Вип“, која произведува канти за ѓубре од челик, реши да влезе и во градежништвото. Резултатот е комплетно наместена монтажна куќа од метал и стакло.

Компанијата со години е позната и надвор од границите на Данска по прекрасниот дизајн на кантите за ѓубре. Со текот на времето нејзиното производство се прошири, а минатата година таа го направи веројатно најголемиот исчекор во кариерата создавајќи го засолништето „Вип“ - монтажна куќа од поцинкуван челик и стакло. Во само 55 квадратни метри се сместени кујна, дневна, спална, бања, но и работен простор.

Фото: Vecernji

Со овој проект компанијата сакаше да се вклучи во новите трендови на зелени градби во кои урбаниот човек повеќе би се свртел кон природата. Затоа дизајнерите сакале сопствениците на куќите да ги сместат подалеку од другите и тие се убедени дека таа изолираност би придонела за зближување на човекот со природата, но и со себеси.

Фото: Vecernji

Локацијата е единствената ставка што производителите не им ја наметнуваат на купувачите. Инаку, со оглед на тоа дека куќата до најмал детаљ е уредена со производи на „Вип“, компанијата бара сопствениците да не менуваат ништо внатре бидејќи производите се нејзини, односно дизајнерски.

Фото: Vecernji

Но, тука е и цената. 485 илјади евра не се малку ни за Данците. А да не заборавиме и дека повеќето ваквите куќи би ги користеле за одмор.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот