Единаесетгодишниот Давид Мијалковиќ пробива шифри на сите можни игри, ги знае сите видови „Виндоус“ од нивното создавање до денес, сите верзии и подверзии на „Андроид“, а во последно време најголем предизвик му е Ардуино – електронската платформа заснована на лесни за користење хардвер и софтвер, која овозможува создавање уреди и направи.