И вие мислите дека девојките не можат да кодираат? За да го руши овој стереотип, непрофитабилната организација „Girls Who Code“ создаде сатирична видео серија наречена „Girls Do Code“.
Кодирањето е новата лингва франка на сегашното време. Но, за девојките, влегувањето во оваа област доминирана од мажите е прилично невозможна мисија, бидејќи премногу работи им го одвлекуваат вниманието - нели?
На овој начин размислуваат голем дел од луѓето кои имаат шовинистички и застарени начини на размислување. Но, за да ги разрушат овие безвредни стереотипи, девојките од „Girls Who Code“, создадоа видео во три делови наречено „
Girls Do Code“.
Оваа непрофитна организација користи сатира и хумор кој е брилијантно прикажан од девојките.
„Постојат многу инспиративни видеа за тоа зошто девојките треба да кодираат“, вели Решма Сауџани, основач и извршен директор на организацијата.
Таа вели дека нејзиниот тим се обиде да направи нешто различно со цел да започне разговор и да создаде подобра слика за програмерите.