X
 12.07.2022 Живот

Ова се најопасните плажи во Грција

Брановите се природна појава во морето, а додека некои уживаат во нив, други се плашат. Кога станува збор за Грција, има плажи каде што може да се очекуваат големи бранови и силна морска струја кои може да бидат опасни, пишува „Мондо“.

Плажите на кои се најголеми брановите се Парадајз на Тасос, Сарти во Ситонија, Порто Катсики на Левкада и Миртос на Кефалонија.

На овие плажи туристите знаат да се опуштат бидејќи големите бранови изгледаат како атракција, а не како потенцијална опасност.


Фото: Pixabay

Горан Терзиќ споделил свое искуство со порталот „Грчка инфо“ минатата година.

- Вчера на плажата Порто Катсики на Левкада, каде што бев со мојата девојка, поради големите бранови и моето невнимание, во дел од секунда ме потопи бран и толку ме сомле, што мислев дека ќе ми ги скрши грбот и вратот - напишал Горан, кој го преживеал искуството со помала повреда на челото.

Извори: Mondo | Grcka info
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот