X
 04.10.2024 Живот

Грција планира да потроши 20 милијарди евра за стимулација на наталитетот во земјата

Грција, која забележа најмал број раѓања во 2022 година, планира да потроши 20 милијарди евра до 2035 година за стимулации за запирање на намалувањето на бројот на населението, вклучувајќи парични бенефиции и даночни олеснувања, соопшти грчкото министерство за семејство.

Грција сега троши околу 1 милијарда евра годишно за мерки за заштита на децата, но како и другите европски земји, овие мерки имаат мал ефект.

Со 1,3 стапка на фертилитет, Грција е меѓу најниските во Европа и далеку под 2,5 потребни за раст на населението. Економските прогнози покажуваат дека нејзината работна сила ќе опадне за 50 отсто до 2100 година, а нејзиното производство ќе се намали за 31 отсто во истиот период.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја нарече демографската криза во земјата национална закана.

- Статистиката и моделите за прогнозирање се застрашувачки, па сите ние мора да вложиме дополнителни напори за да ги надминеме - рече министерката за семејство Софија Захараки, најавувајќи го таканаречениот „Национален демографски акционен план“.

Бројот на раѓања во Грција со години опаѓа, поттикнато од децениската економска криза која започна во 2009 година, како и масовната емиграција на Грците и променетите ставови меѓу младите. Експертите за демографија, па дури и владини претставници изразија скептицизам за тоа колку овие планови можат да го променат трендот.

Извор: Еuronews.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот