X
 04.02.2020 Технологија

Интервју со Ана Умерова, бизнис-партнер за човечки ресурси во А1 Македонија: Инспирација ни е вработените во А1 да имаат можност за развој и учење согласно најновите светските трендови

Тоа што го учат нашите колеги во А1 е истото што го учат во најуспешните компании во светот, на што сме особено горди


Дигитализација не е веќе само клучен збор, туку е процес кој е наше секојдневие и е присутен во сите области на работење. Независно од сферата на дејствување, дигитализацијата станува неминовна. Може слободно да се каже дека телекомуникациите се предводници во дигитализацијата, а според информациите што доаѓаат од оваа индустрија, визијата да се биде лидер ја наметнува потребата од постојано учење и усовршување. Телекомуникациите се пожелна индустрија за вработените со оглед на динамиката и нејзиното челно место во технолошкиот напредок и развој. Во оваа индустрија секогаш се случува нешто ново што ги привлекува луѓето гладни за знаење и искуство и затоа сме посветени на постојано учење, вели Ана Умерова од oдделот за човечки ресурси во А1 Македонија, компанијата која си постави цел да регистрира 50 илјади часа учење во текот на една година.


Што е 50K Learning Challenge?

- Учењето претставува акцелератор на работната сила, алатка за растење и регрутирање на вработените, како и важен фактор за менување на културата. Токму затоа го воведовме A1 50K Learning Challenge како проект кој треба на вработените да им даде поттик, предизвик и да им создаде навика за континуирано учење. Предизвикот го воведовме со помош на нашиот виртуелен асистент Ела, преку кој секоја месец ја најавуваме топ-темата за учење, споделуваме содржини и материјали, ги наградуваме најголемите „бубалици“ преку gamification на процесот и промовираме внатрешни експерти преку програмата A1 Guru Talks. Крајната цел ни е сите заедно за една година да постигнеме 50.000 часа корпоративно учење.


Ана Умерова од oдделот за човечки ресурси во А1 Македонија

Зошто овој проект за учење е важен, особено за компанија како А1 Македонија?

- Нашата индустрија се менува и расте рапидно брзо. Дигиталната трансформација не е веќе само нов buzz збор и ние како лидери на пазарот мораме да бидеме во тек со сите најнови трендови. Ние имаме среќа што сме дел од групација која промовира култура на постојано учење. Со најавата на четвртата индустриска револуција едно знаеме сигурно, а тоа е дека знаењето, вештините и компетенциите на вработените треба да се менуваат вртоглаво брзо, што значи дека за нашата компанија е многу важно вработените да ги обновуваат и доградуваат своите знаења и вештини за т.н. вештини на иднината, како што се 5G, Cloud, IoT, Cyber Security, Agile, AI итн. за да може да продолжиме да ги задоволуваме потребите на корисниците, но и да ги едуцираме и да им нудиме нови иноватини решенија.

Дали вработените во А1 сакаат да учат?

- Генерално да, тоа го покажува и резултатот што го постигнавме за првите 3 месеци, а тоа е 10.000 часа поминати во учење. Ова е навистина одлично бидејќи знаеме дека имаме простор за уште подобри резултати бидејќи забележавме дека имаме голем број колеги што учат многу, а од друга страна, има и помал број колеги што не забележале ништо во систем никакво учење, што претставува предизвик за наредниот период да ги мотивираме да се вклучат. Нам исто така во наредниот период главен фокус ќе ни биде зголемување на примената во практика на сите нови знаења и вештини.

Што покажува Вашата статистика, за кои теми се најзаинтересирани вработените?

- Ние поттикнуваме „Growth mindset” кај нашите вработени. Тоа подразбира отвореност и љубопитност кон нови работи. Најголем интерес дефинитивно има за дигиталните вештини, како што се Agile, 5G, Design thinking, Cloud, за „меките“ вештини, како што се, фидбек култура, развој на тимот, coaching, како и за градење на лидерските вештини. Интересно е што минатата година инвестиравме и во голем број индивидуални и групни coaching сесии.

Што значи првото достигнување од 10К часа учење? Колку учат во просек вработените?

- Како и за секоја друга навика, треба време за приспособување. Тоа е исто како кога ќе започнеме да вежбаме, на почетокот секогаш ни се појавуваат еден куп изговори зошто не можеме. Резултатите не ни се видливи веднаш, но со текот на времето, како што вежбаме, нашето тело станува посилно, резултатите се гледаат и имаме потреба да вежбаме. Истото е и со учењето. Нашите најголеми предизвици беа да обезбедиме време за учење, да им создадеме навика да ги евидентираат часовите во нашиот HR софтвер, да обезбедиме поддршка од раководителите и да ги научиме да се самомотивараат. Просекот, на ниво на цела компанија, е 8 часа по вработен месечно.



Кои канали за учење им се најпривлечни на вработените?

- Нашата инспирација е нашите вработени да имаат можност за развој и учење согласно најновите светските трендови. Тоа што го учат нашите колеги во А1 е истото што го учат во најуспешните компании во светот, на што сме особено горди. Ние користиме разновидни канали за учење, како што се: учење преку онлајн-платформата е-Кампус, учење на работно место (on-the-job), размена на искуства од групација, интерни обуки, индивидуални и групни coaching сесии, читање онлајн-содржини, учество на екстерни обуки и конференции, читање стручна литература, вебинари и видео туторијали.

Кога очекувате да ја постигнете крајната цел од 50К часа?

- Планот ни е доста амбициозен, а тоа е до крајот на октомври 2020!

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија