X
 18.12.2017 Живот

Нов тренд на откажување од пушење

Во текот на летото, вработените во една Јапонска компанија за маркетинг, забележале дека останатите колеги не работаат исто толку часови. Околу една третина од луѓето во компанијата „Пијала“, излегувале во текот на денот заради пауза за цигара. Наспроти времето кое пушачите го поминувале во канцеларија, секој попладне излегувал од канцеларијата во исто време.


Непушачите се пожалиле на извршниот директор, чиј одговор привлекол многу внимание во земјата. Вработените кои не пушат, соопштила компанијата, ќе добијаат шест дополнителни дена одмор годишно.
„Се надевам дека ќе ги охрабриме вработените да престанат да пушат, со награди, а не со казни и закани“, изјавил Такао Асука, извршниот директор на компанијата.

Откако понудата била дадена во септември, четири вработени лица одлучиле да ги остават цигарите. Ваквиот тренд произлегува во период кога различни компании во Јапонија, се обидуваат да ги поттикнат вработените да живеат здрав живот, а тука е и притисокот од владите од странство да се влијае на намалување на пушењето во пресрет на Олимписките игри во Токио во 2020 година.

Околу 20% Јапонци пушат, што е значително помалку отколку во претходните децении, но и понатаму се меѓу првите на листата на пушачи во светот. Компаниите во земјата имаат посебни простории за пушачите. Канцелариите на компанијата „Пијала“, се наоѓаат на 29 кат, но одделот за пушачи е во приземјето, што значи дека паузите за пушење може да траат и по 15 минути за цигара.

Во САД, на пример, односот кон пушачите е построг, односно одбиваат да платат осигурување на пушачите и забрануваат пушење на имотот од компанијата. Во некои компании во Јапонија, се применува истата метода. Некои пак се борат за забрана на пушење во јавноста, вклучувајќи ги и рестораните, владините објекти и болниците. Но, лобистите и членовите на Либерално-демократската партија на Јапонија, се загрижени за тоа какво влијание ќе има одлуката врз рестораните и приходите на владата, па во моментов предлог законот е блокиран.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот