Почетокот на новата учебна година за многу родители значи почеток на маките. На училиште децата учат многу информации кои тешко ги разбираат, па затоа е добредојдена секоја помош.
Ви ги претставуваме најдобрите апликации со чија помош учениците ќе покажат одлични резултати во училиштето.
„Royal Chemistry Society“ - Одлично дизајниран, едноставен за користење со сите основни информации за елементите и дополнителни можности за следење на тоа како реагираат под различни услови, апликацијата за Периодниот систем на елементите, „Royal Chemistry Society“, е одлично визуелно помагало при учење на основите на хемијата.
„Google Classroom“ - Оваа апликација спојува повеќе услуги на „Гугл“ за да создадете платформа за подобра организација, спојувајќи ги „Џимејл“, „Драјв“, „Слајдс“ и други алатки за учениците да можат да се организираат, да соработуваат од дома и да разменуваат информации и задачи.
„DragonBox“ - Апликација за математика, наменета за оние што само што се сретнале со неа. Апликацијата нуди едноставни математички задачи, концепти, решенија низ игра и поттикнува долгорочно помнење и интерес за предметот кај децата.
„ОneNote“ - Овој дигитален нотес е одличен организатор на белешки, скрипти, мултимедија и рачни забелешки, па и цртежи.
„Pocket Code“ - Апликација за оние што сфаќаат дека иднината е во програмските јазици. „Pocket Code“ на едноставен визуелен начин претставува детски концепти на кодирање и ги учи основите на создавање кодови преку интеракција на ликовите и предметите.
„Duolingo“ - За оние што сакаат активно и едноставно да учат јазици, „Duolingo“ е една од најпопуларните апликации.
„Kindle“ - Најпопуларната апликација за читање е неизоставен дел од секој паметен телефон.
„Focus Booster“ - За ученикот да биде успешен на училиште, најважни се концентрацијата и времето. Една од најпопуларните техники на учење е „Pomodoro“. Станува збор за циклуси од 25 минути, а потоа се прави кратка пауза, додека по четири циклуси се прави една подолга. Апликацијата „Focus Booster“ ви нуди разни
можности за приспособување за да останете фокусирани.