X
 31.01.2019 Образование

Дали можете да одговорите на овие прашања од австралиско средно училиште?

Враќањето во средно училиште е многу страшно за голем број луѓе. Не само затоа што голем дел од она што го учеле го заборавиле, туку и затоа што денешните деца се прилично многу паметни.

За да откријат дали ова навистина е така, истражување во Австралија им поставило 7 прашања на повеќе од 1.000 Австралијци за да видат дали сега би биле успешни во средно.

Иако 38 отсто сметале дека се попаметни од средношколците, 81 отсто не ја знаеле Питагоровата теорема.

Од 1.040 Австралијци што го направиле тестот, само 419 поминале, а 88 отсто не можеле да одговорат на повеќе од три основни средношколски прашања. Само 13 отсто се почувствувале доволно самоуверени за да одговорат на прашањата без „Гугл“, иако 42 отсто од нив сметале дека прашањата се важни и треба да се знаат.

Во продолжение се прашањата, а вие откријте дали можете да ги одговорите без помош на „Гугл“?

1. Која е Питагоровата теорема?

2. Какви видови сигнали користи мозокот за да комуницира со сензациите, мислите и акциите?

3. Која е Дарвиновата теорија за потеклото на видовите?

4. Колкав процент од Земјата е покриен со вода?

а. 65 отсто
б. 71 отсто
в. 80 отсто
г. 50 отсто

5. Кој од следниве услови на Марс прв би убил човек што не е заштитен?

а. Низок воздушен притисок
б. Ниска гравитација
в. Високо количество на јаглероден диоксид во воздухот
г. Сите горенаведени

6. Од што е составена солта (NaCl)?

а. Јаглерод диоксид и кислород
б. Два токсични гасови
в. Високо реактивен метал и кислород
г. Високо реактивен метал и отровен гас

7. Џина процени дека 54 долари неделно ги дава за бензин за нејзиниот автомобил. Таа ставила плин затоа што е многу поевтин од бензинот, така што ја чини само 20 долари неделно за плин. Ставањето плин ја чинело само 1.000 долари. Колку долго ќе ѝ биде потребно за заштедата при користење плин да се изедначи со трошокот за ставање на плин?

а. Околу 15 недели
б. Околу 40 недели
в. Околу 50 недели
г. Околу 65 недели




Одговори

1. a2 + b2 = c2.
2. Единствените клетки во мозокот комуницираат преку електрични и хемиски сигнали.
3. Дарвиновата теорија за потеклото на видовите посочува дека природната селекција избира организми што поседуваат варијабли и наследни особини што се најпогодни за нивните средини.
4. Б, 71 отсто од Земјата се покриени со вода.
5. А, низок воздушен притисок. Изложеноста на атмосферата на Марс веројатно ќе го убие човек во рок од неколку минути.
6. Д, многу реактивен метал и отровен гас.
7. Б, околу 50 недели.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование