X
 04.02.2023 Живот

Кралско збогување со последниот произведен „боинг 747“

Последниот прозиведен „боинг 747“, американскиот авион кој го револуционизира воздушниот сообраќај, во кралски стил го прелета небото над државата Вашингтон.

„Атлас ер“, американска карго-компанија, го транспортира последниот „боинг 747“ произведен на 2 февруари.

Маршрутата на летот била специфична - летале по патека која наликувала на круна во чиј центар се наоѓале броевите седум, четири и седум.

Неколку дена претходно работниците на фабриката му кажаа збогум на авионот кој го доби прекарот „Кралица на небото“.

„Боинг 747“ е еден од најпрепознатливите авиони во светот, а ја започна ерата на таканаречените џамбо-џетови.

Производството траеше повеќе од 50 години.

2
Фото: www.flightradar24.com

Неколку илјади вработени во „Боинг“ се собраа во фабриката во Еверет, дом на овие авиони од 1967 година, за да се збогуваат со последните 747. Меѓу присутните беше и актерот Џон Траволта, кој е ентузијаст и пилот во авијацијата.

Како амбасадор на „Кантас ерлајнс“, тој потсети дека научил да лета баш со овој модел на авион.

- Тоа беше еден од најтешките курсеви за пилоти на комерцијални авиокомпании - рече актерот.

Меѓу оние што се збогуваа со последната „Кралица на небото“ беа дизајнерите и инженерите кои помогнаа во развојот на авионот во 60-тите години.

Последниот 747 излезе од склопувачката лента на 7 декември, по поминати инспекција, летачко тестирање и бојадисување пред да биде предаден на „Атлас“, кој ќе го користи авионот како товарен.

Дизајниран за само 28 месеци, 747 бил првиот двомоторен млазен авион, а во 1970 година авиокомпанија „Пан Ам“ ги купи првите авиони.

Иако беше еден од најпродаваните модели на „Боинг“, побарувачката за 747 се намали во последниве години бидејќи и компанијата и нејзиниот европски ривал „Ербас“ развија поефикасни и попрофитабилни авиони.

Во 2020 година „Боинг“ објави дека ќе го прекине производството на 747.

Извор: BBC
Фото: www.flightradar24.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот