Голем дел од луѓето се експерти во наоѓањето изговори. Во моментов сигурно може да се сетите на изговор за да не работите и наместо тоа да седите на „Фејсбук“, не? За многумина, изговорите се наоѓаат и во поглед на финансиите. Ова се седум најлоши (и најчести) изговори кои ве чинат пари:
Не заработувам доволно за да штедам
Доколку секој го одложуваше штедењето додека не се збогатеше, никој немаше да штеди, веројатно. Започнете со создавање фонд за итни случаи. Заборавете на идејата дека треба да заштедите одредена сума за да биде доволно. Секој заштеден денар е подобар од залудно потрошениот.
Ќе имам наследство
Без разлика дали чекате на родителите да ви остават нешто или се надевате на финансии од друга страна, запомнете дека парите не се ваши се' додека не ви се во раката. Не се надевајте на ваков успех.
Ќе започнам подоцна
Досега веројатно сте прочитале многу статистики и текстови за штедење и се подготвувате да го сторите тоа многу наскоро. Започнете веднаш! Зошто одложувате?
Имам многу долгови
Големите долгови може да влијаат лошо на финансиската состојба, но откажувањето не е начин. Тие треба да бидат поголема причина за штедење.
Животот е прекраток за да се живее мизерно
Во право сте, животот е прекраток. Но, најдобриот начин за да го направите да изгледа подолг е да ги надживеете парите. Секако, животот на буџет бара дисциплина и жртва, но мислењето дека сите кои штедат се мизерни е само мит.
Никогаш нема да заштедам доволно за да направам разлика
Цените растат, а платите се намалуваат. Луѓето работат се' повеќе за да преживеат. Но, како и секој друг предизвик, откажувањето пред почетокот е најсигурниот пат до неуспехот.