X
 04.03.2019 Живот

Почина Лук Пери, ѕвездата од „Беверли Хилс“

Познатиот американски актер Лук Пери почина на 52 години, откако минатата недела доживеа тежок мозочен удар.

Пери беше хоспитализиран во четвртокот веднаш по мозочниот удар. И покрај тоа што докторите се бореа за неговиот живот, тој почина.

Како што објави неговиот портпарол, покрај Пери биле неговите деца, свршеницата Венди Медисон Бауер, поранешната сопруга Мини Шарп и членови на поблиското семејство и пријатели.

- На семејството многу му значат поддршката и зборовите на утеха од луѓе од целиот свет и ги молат фановите да ја почитуваат приватноста во овие тешки моменти на голема тага. Во овој час семејството нема да објави други детали - соопшти неговиот портпарол.

Актерот беше најпознат по улогата на Дилан во популарната серија од 90-тите, „Беверли Хилс“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот