„Ворнер брос“ го најави новиот филм „Бетмен“, кој ќе излезе во 2021 година, но без Бен Афлек во главната улога. Според „Варајети“, него најверојатно ќе го замени Роберт Патинсон, најпознат по филмовите „Самрак“.
Режисерската палка ќе му припадне на Мата Ривс, а се очекува снимањето на филмот да почне во ноември.
И Афлек, од кого Ривс ја презеде должноста, на Твитер објави дека е возбуден поради новиот филм и едвај чека да ја види визијата на неговиот наследник како режисер.
Ако се потврди ангажманот на Патинсон (33), тој ќе биде вториот најмлад глумец што го одиграл Бетмен на големото платно. Кристијан Бејл имаше 31 година кога „Бетмен: Почетоци“ беше премиерно прикажан во 2005 година.
Извор: МИА