Експертите за ментално здравје велат дека зборовите имаат огромна моќ, па затоа некои треба да престанете да ги користите.
Дури и кога не се користат злонамерно, зборовите лудак, психо, шизофреничар, растроен, луд и ментален пациент луѓето треба да ги исфрлат од нивниот речник.
Користењето на зборот шизофреник за означување на економијата (шизофренична економија), термин со кој се опишуваат брзите фискални движења, исто така е потенцијално штетно. Користењето лажни и застарени зборови поврзани со менталните болести може да ја зголеми стигмата.
Целта на новиот водич, издаден од експертите за ментално здравје во Австралија, е да им помогне на бизнисот, владата, медиумите и општеството да сфатат дека употребата на јазикот што ја сензационализира менталната болест може да ја зајакне стигмата.
- Не станува збор само за зборовите што ги користиме, туку и за луѓето, вреднувањето на луѓето и поттикнувањето да преземат акција - вели госпоѓа Скехан.
Други работи што треба да се избегнуваат се терминологиите што укажуваат на недостиг на квалитет на животот на лица со ментални болести, на пр., колоквијализми како „среќни апчиња“.
Водичот дава упатства и околу јазикот поврзан со самоубиството, вклучувајќи и избегнување на сензационалистички описи.
- Ова не се мали проблеми, ова се големи проблеми што бараат голем одговор. Она што го кажуваме како сектор и како заедница буквално може да биде разликата помеѓу тоа дали некое лице се чувствува пријатно да зборува и да побара помош, што може да има трагични последици ако молчи - вели Скехан.
- Се стремиме кон ментално здрави луѓе и заедници и ги охрабруваме сите да помогнат во ослободувањето на позитивно светло поврзано со менталното здравје и да се намали стигмата околу менталната болест - вели Лахлан Сирл, директор за надворешни односи во
Ментално здравје Австралија.