Сигурно сте слушнале дека некој „починал од старост“. Како што излегува, скоро никогаш не е сосема она што се случува од медицинска гледна точка. Стареењето не е причина за смрт.
Кога повеќето од нас ќе кажат дека починал од старост, она што навистина го мислиме е дека некој починал како последица на некоја болест која здрава и помлада личност дефинитивно би ја преживеал.
Овој термин уште се нарекува „тивка“ смрт - како на пример кога на некоја постара личност „срцето ќе ѝ застане во сон“, што значи дека најверојатно таа имала срцев удар во текот на ноќта, или пак кога некој „лошо паднал, па следувало влошување на здравјето“ што значи дека паднал и скршил колк, ја преживеал операцијата но добил пневмонија во болница и починал од инфекција.
Најчесто, она што најчесто ги одзема животите на постарите луѓе е акумулација на многу работи. „Како што стареете, имате поголема веројатност да добиете срцеви заболувања и рак“, вели Ејми Ехрлич, професорка по клиничка медицина од Алберт Ајнштајн колеџот за медицина. „Но исто така гледаме работи како паѓање, кога некој ќе падне и ќе заврши со сериозна повреда како фрактура на колкот. Тешко е да се опоравите од тоа кога имате 104 години“.
Од тука произлегува прашањето: Ако не умреме од стареењето, тогаш што по ѓаволите е стареењето?
Луѓето не секогаш живееле доволно долго за да остарат. Човекот умирал пред неговата кожа да започне да старее и пред неговите мускули да започнат да венеат. Тие умирале од болести за кои денес имаме вакцини, како туберкулоза и големи сипаници и гастроинтестинални инфекции.
Некаде околу 50-тите човекот започнал да живее речиси два пати подолго од нашите предци пред еден век. Сега трошиме голем дел (речиси половина) од нашиот живот стареејќи. И после тоа доаѓа познатата приказна - умираме.
Но што ако не мораше да биде вака? Што ако го искусивме стареењето и потоа излеземе од него и воопшто не старееме? Така функционираат некои животни.
Истражување од 2014 година ги споредувало стапките на смртност кај 46 различни видови и открило дека некои организми не стареат - нивните стапки на смртност останале константи, од времето кога се родиле до времето кога умирале. Други влегувале во период на стареењето (како на пример кога ние ќе достигнеме 65 години) и после излегуваат од стареењето, и продолжуваат со своите животи.
Во продолжение е приказ од истражувањето кое покажува како изгледа стареењето кај денешните луѓе.
Црвената линија која расте е астрономскиот долг период на стареење.
Но животниот век на многу други суштества не изгледа вака. Погледнете ја на пример „бесмртната“ Хидра (втора колона, втор ред), мало слатководно животно кое може да доживее 1.400 години. Има веројатност да умре на 10 годишна возраст исто колку и на 1.000.
Или пак пустинската желка, чија стапка на смртност е висока на почетокот на нејзиниот живот, меѓутоа оваа стапка опаѓа како што расте.
Што сето ова значи? Дали можеме да престанеме да старееме или барем да го продолжиме животот? Некои научници велат дека можеби можеме.
„Стареењето не е немилосрден процес кој води до смрт“, вели Мајкл Роуз, еволутивен биолог на Универзитетот во Калифронија, Ирвин и директор на Мрежата за експериментални истражувања на еволуцијата.
Други истражувачи, како биологот и теоретичар Обри де Греј, сака да го искористи нашето знаење за овие организми за да ги продолжи нашите животи.
„Бројот на луѓе кои умираат поради проблемите поврзани со
стареењето е висок во богатите земји“, вели де Греј, во неговиот неодамнешен филм „The Immortalists“. „Апсолутно е јасно дека ова е најголемиот проблем во светот“.
Но, засега не сме хидра (ниту желки) и не можеме да ја избегнеме староста. За нас стареењето е реално и долго. За среќа многу постари луѓето живеат здрав и среќен живот.
„Ако некој е 104 години не постои ништо што можат да направат. Но некој кој има 83? Е тој има многу што може да направи“, вели Ехрлич.