04.04.2023
Наша тема
Факултети.мк денес полни 12 години
Професионалниот тим што работи во Факултети.мк ја заокружува 12-годишната посветеност на темите од образованието, науката, екологијата, најновите достигнувања во медицината, успешни личности во Македонија и во странство...
Во текот на изминатите 12 години проследивме многу промени и секогаш се трудевме навреме да ги информираме не само студентите, туку и пошироката јавност за најважните настани во нашето општество.
Факултети.мк е секогаш отворен за соработка со читателите, за вашите коментари, препораки, сугестии, колумни... Изминативе години се потрудивме да одговориме на секоја порака во која се бараше некаква информација од нас и да бидеме медиум во вистинска смисла на зборот. И оваа година продолживме со поддршка на младите таленти и на успешните ученици, студенти и професори.
Проверените и точни вести ги сметаме за наш заштитен знак, а верноста на публиката, која сака да прочита нешто поразлично, за комплимент.
За многу години!