Гласањето за Сајт на годината 2015 е започнато и трае заклучно до 9-ти декември 2015-та година. Секој интернет посетител може да распредели 3 гласа во секоја категорија и тоа 10, 6 и 2 поени.
Mанифестацијата "Сајт на Годината" во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk се одржува по шести пат оваа година.
Факултети.мк е номиниран во категориите:
Најдобар сајт на годината 2015
Најдобар сајт за вести и информации
Најдобар сајт за Образование, Наука и Култура
и
Најдобра Facebook fan страна
Вашиот глас може да го дадете за факултети.мк на следниов линк
ГЛАСАЈТЕ
Факултети.мк во последниве три години благодарение на вас е прогласуван за Најпопуларен сајт во Македонија, изминатава година го добивме и признанието Најдобар сајт за образование.
Се надеваме дека и оваа година ќе го дадете Вашиот глас за факултети.мк.
Изборот на Сајт на Годината е проект која има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на Годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.