Компанијата „Нестле“ лансира специјална алатка за проверка на сериските броеви на чоколадите „кит кет“ по кражбата на повеќе од 12 тони чоколади наменети за европскиот пазар.
Со цел да се утврди дали одреден производ е дел од украдената пратка, на потрошувачите им е достапна алатка во која треба да се внесе бројот на серијата од пакувањето. По внесувањето, системот ги известува корисниците дали производот е дел од украдената пратка.
Доколку има совпаѓање, корисниците добиваат дополнителни инструкции како да го известат производителот.
„Нестле“ соопшти дека доколку преку системот се идентификува украден производ, ќе постапува во согласност со насоките на надлежните органи.
Компанијата претходно истакна дека безбедноста на потрошувачите не е загрозена и дека снабдувањето на пазарот не е нарушено.
Според информациите од компанијата, минатата недела
крадци украле камион со околу 12 тони чоколади (околу 410.000 чоколади), кој од централна Италија се упатил кон Полска, но никогаш не пристигнал на својата дестинација. Возилото и стоката сѐ уште не се пронајдени, а истрагата е во тек.
Извор:
021.rs
Фото: Screenshot/YouTube