X
 15.10.2020 Живот

Необична понуда од хотел за обожавателите на чоколадо и портокал: Ако сте на диета, не е за вас

Оние што ја обожаваат комбинацијата на чоколадо и портокал оваа зима би можеле да го најдат своето место за уживање во еден хотел на француските Алпи.

Собата што сопствениците на хотелот ја нарекоа „Чоклет оринџ“ нуди нови искуства за љубителите на оваа комбинација. Гостите можат да се опуштат на креветите со постелнина со мотиви од портокал и чоколадо, а можат да уживаат и во алкохолни коктели со овие вкусови.

Секој посетител ќе добие божиќни чорапи полни со чоколада. Сопствениците на зимското одморалиште се надеваат дека така ќе им овозможат на гостите секое утро да се чувствуваат како да е Божиќ. Услугата на персоналот во собата подразбира слатки од портокал и чоколадо и многу варијации од чоколадни пијалаци, додека за ручек можете да се послужите со колачиња.

Над креветот се наоѓаат украси во форма на портокали завиткани во чоколадо, а се нуди дури и тоалетна хартија со мирис на чоколадо и портокал. За децата има топло чоколадо.

Собата е дел од новиот објект „Ла Росиер“, кој нуди и панорамски поглед од 180 степени на падините прекриени со снег, а одморалиштето ќе им обезбеди на гостите чоколадно-портокалест пар скии. Гостите можат да се пријават за часови по сноуборд, зимски спортови, прошетки, планинарење и многу забава.

Извор: Hellomagazine.com
Фото: Clubmed.co.uk
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот