Холандски крадци неодамна украле над 1.500 килограми кашкавал. Кашкавалот бил украден од фармата „Торенполдеркаас“ во провинцијата Северен Брабант.
Кражбата се случила претходната недела, а крадците избегале со автобус полн со кашкавал. Украдениот кашкавал е проценет на 23.000 долари.
Иако кашкавалот изгледа како бизарна цел за организираните групи на криминалци, ризикот од кражби е толку голем што другите фармери сериозно стравуваат дека ќе бидат жртви.
Фото: Pixabay
Тео Декер, претседател на холандското Здружение на произведувачи, објаснил дека кашкавалот е привлечен за крадците поради вредноста. Крадците обично го носат кашкавалот во други земји и го продаваат по пониска цена.
Некои фарми веќе преземаат мерки за заштита, како втиснување единствени кодови во кората кои не може да се отстранат без да се оштети кашкавалот.
Извор:
Idesh
Насловна фотографија: Pixabay