X
 09.01.2019 Технологија

Злонамерен софтвер за „Андроид“ може да ви ја испразни сметката на „Пејпал“

Кон крајот на минатиот месец експерти од ЕСЕТ препознале тројанец за „Андроид“ кој краде пари директно од „Пејпал“.

Најновиот злонамерен софтвер чија мета е вашата сметка на „Пејпал“ се крие зад апликацијата за оптимизација на работата на батеријата наречена „Optimization Android“. Откако жртвата ќе ја инсталира апликацијата, таа бара дозвола за „испраќање статистика на девелоперот“ - услуга која всушност е софтвер за пронаоѓање на сметката на „Пејпал“.

Ако ја пронајде, тројанецот веднаш испраќа потсетник кој го моли корисникот да ја отвори апликацијата. Откако корисникот ќе го направи тоа и ќе ја внесе лозинката за да пристапи до пејпал-сметката, софтверот автоматски ја празни сметката и парите се праќаат на сметката на „напаѓачот“.

Погледнете како работи измамничкиот софтвер.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија