Габриел Гарсија Маркез е обожаван затоа што неговите дела се обвиткани со митови и мистерии, а може да се читаат одново и одново.
Тој толку има кажано за човештвото, има раскажано толку многу бајки од својот магичен свет во мој многу луѓе можат да сакаат и да живеат навистина, дури и за време на војна, и за време на чума...
Не дозволувај да умреш, а да не го доживееш ова чудо – да спиеш со оној кого го сакаш.
Прочитајте неколку цитати од неговите книги и интервјуа, кои вреди да ги запомните:
Не е вистина дека луѓето не ги исполнуваат своите соништа затоа што пораснале – пораснале затоа што престанале да ги остваруваат соништата.
Секоја работа е – жива. Потребно е да се разбуди нејзината душа.
Ако ја сретнете својата вистинска љубов, треба да знаете дека таа нема да побегне од Вас – ни преку неделата, ни преку месецот, ни преку годината.
Во животот не е важно она што ќе Ви се случи, туку она на што се сеќавате, и начинот на кој го паметите.
Лагата е поудобна од сомнежот, покорисна од љубовта и потрајна од вистината.
Ако во нешто е вклучена жената, јас знам дека сѐ ќе биде добро. Мене потполно ми е јасно дека жените управуваат со светот.
Во родителскиот живот многу е полесно да се избегне несреќата, отколку глупавите ситни расправии.
Одговори му „Да“. Дури и ако умреш од страв, дури и ако подозна зажалиш, затоа што ќе се каеш ако сега му речеш „Не“.
Човек не се раѓа еднаш, оној ден кога мајката го донела на свет. Животот го наведува повторно и повторно – многу пати – сам повторно да се роди.
Нема лек кој може да го исцели она што може само среќата.
Секогаш ќе постојат луѓе што ќе те повредуваат. Продолжи да веруваш, само биди внимателен.
Не бори се толку многу. Најдобрите работи се случуваат кога не очекуваш.
Јас не носам шешир за да не морам да го спуштам пред никој.
Одлично е да се размислува за минатите задоволства, без горчина и каење
Инспирацијата доаѓа само за време на работата.
Знаењето и мудроста доаѓаат кога веќе не ни се од корист.
Не, јас не сум богат човек. Јас сум сиромав со пари, а тоа – не е исто.
Староста нема врска со тоа колку години имаш, туку со тоа колку старо се чувствуваш.
Животот е како приказна, не е важно колку е долга, туку колку е добра. Она што поминало веќе не постои, она што ќе биде, сѐ уште не дошло. Постои само една точка во која се составуваат минатото и
иднината. Во таа точка е сиот твој живот. Искористи ја.