X
 09.03.2016 Технологија

Нов тренд за мамење на тестови кај младите

часовник

 

Наставниците започнаа да се жалат поради „часовниците за препишување“ кои започнале да се продаваат на интернет, со кои учениците добивале нефер предност на испитите.


Овие дигитални часовници вклучуваат копче за „вонредна состојба“ за брзо текстот да го сокрие и да се претвори во вистински часовник. Часовниците содржат податоци или информации кои можат да се читаат за време на испитите.
Часовниците се рекламирани на „Amazon“ со тврдење дека се посебно дизајнирани за препишување на испити. Еден модел ветува 4 гигабајти за складирање на електронски текстуални датотеки или слики кои можат да се читаат на екранот на часовникот.

Ако се притисне копчето за „вонредна состојба“, другите копчиња на часовникот се оневозможени, а часовникот се префрла во конвеционален дигитален часовник. Тој може да се продава со мини безжични слушалки.

Друга реклама пак ветува дека часовникот е совршен за покривање на белешките за испити директно на вашиот зглоб, а трета реклама нуди нов модел со капацитет од 8 гигабајти кој може да има и видеа.

Официјалните лица велат дека е неодговорно што се продаваат овие часовници кои можат да ги дисквалификуваат учениците од нивните испити.

Ваквите часовници исто така се продаваат на „еBay“ и можат да се купат онлајн директно од трговците. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија