Измамите и лагите во врска со најпознатата социјална мрежа Фејсбук постојано излегуваат и ги вознемируваат корисниците. Уште од одамна излезе измамата дека Фејсбук ќе започне да наплаќа членарина за пристап.
Предупредувањата продолжија да се јавуваат во различни форми во текот на изминативе 7 години и покрај тоа што официјалните лица на Фејсбук постојано ги негираа шпекулациите.
Сега пристигнува најнова измама на која наседнуваат голем број корисници: „Внимание: Утре кога ќе се логирате на вашиот Фејсбук профил ќе започнат да ви наплаќаат членарина. Ова станува официјално и беше објавено и на вестите. Фејсбук ќе започне со наплаќање. Ако го копирате ова на вашиот ѕид вашата икона ќе стане сина и Фејсбук ќе биде бесплатен за вас“.
Но нема потреба да го направите ова бидејќи Фејсбук не планира да наплаќа. Овој урбан мит е толку популарен што Фејсбук беше присилен да стави опис со кој ја негира измамата:
„Може да добиете пост во кој пишува дека треба да копирате и ставите на вашиот ѕид одредена изјава за да задржите контрола врз нештата што ги споделувате на
Фејсбук. Не верувајте во тоа. Нашите услови се јасни: вие поседувате контрола врз содржината и информациите кои ги објавувате на Фејсбук, и можете да контролирате како тие да бидат споделувани преку вашата приватност и поставките за апликациите. Вака функционира отсекогаш и ова нема да се промени.
Можете да ги посетите основите за приватност (Privacy Basics) за да откриете кој гледа што вие споделувате на Фејсбук. Исто така можете да ја прочитате нашата политика за податоци (Data Policy) за да откриете кои информации ние ги земаме и како тие се користат и споделуваат. Сакаме да бидете информирани и да имате контрола врз вашето искуство на Фејсбук.
Веб страната „Snopes“ која е посветена на истражување на популарните митови, собра голем број измами кои се ширеа во текот на годините и ги измамиле корисниците. Овој пат измамата шири малициозен софтвер.
„Тврдењето дека Фејсбук ќе започне со наплаќање е мамка за луѓето и во него е скриен малициозен софтвер; не постојат планови за наплаќање на оние кои го користат Фејсбук“, изјави Дејвид Микелсон, основач на страната „Snopes“.