Наскоро би можеле да дочекаме конечен крај на ХИВ-вирусот, откако повеќегодишна студија покажа дека мажите што биле заразени, а примале антиретровирусна терапија, не ги заразиле своите партнери. Успешноста на лекувањето со оваа терапија значи дека вирусот би престанал да се шири кога сите заразени би го примале лекот.
Меѓу речиси 1.000 машки парови од Европа, од кои едниот партнер бил заразен со вирусот и примал терапија, немало ниеден случај во кој вирусот би бил пренесен на незаразениот партнер при сексуални односи без презервативи. 15 мажи се заразиле во текот на осумгодишното истражување, но со тестови било докажано дека ги заразил некој друг, а не партнерот што ја примал терапијата.
- Ова е брилијантно, фантастично. Накратко, ова го успива вирусот - истакнува Алисон Роџерс, учесник во студијата.
Претходните студии веќе покажаа дека терапијата ги штити и хетеросексуалните парови во кои едниот е заразен со ХИВ.
- Нашето откритие дава убедлив доказ за геј-мажите дека ризикот од пренесување на ХИВ со антиретровирусната терапија е еднаков на нула - истакнува Роџерс.
Во 2017 година во светот речиси 40 милиони луѓе биле заразени со ХИВ, а од нив 21,7 милион биле на антиретровирусна терапија. Се проценува дека само во Британија живеат околу 101.600 лица со овој вирус, а од нив околу 7.800 немаат дијагноза, односно не знаат дека се ХИВ-
позитивни.