X
 03.09.2017 Образование

Дали училниците треба да имаат декорации?

Декорациите како мапи, постери, уметнички проекти и сезонски декор се многу застапени во училниците во САД, особено во основните училишта. Со генерации, наставниците верувале дека овие визуелни компоненти ќе помогнат во креирањето на подомашна средина, односно учениците ќе се чувствуваат попријатно, ќе бидат помотивирани. Но, сега едукаторите и наставниците велат дека токму ова всушност го попречува процесот на учење кај малите деца.


Тим на научници го анализирале ефектот кој визуелните компоненти го имаат кај децата и нивната способност за фокусирање. Резултатите покажале дека на учениците повеќе им било одвлечено вниманието и учеле многу побавно во училници кои се повеќе декорирани. Во студијата биле анализирани 24 деца од градинки, како и училници – лаборатории. Половина од лекциите се учеле во многу декорирани училници, а останатите во простории со минимални декорации.

Исто така, во помалку декорираните простории, учениците одговарале точно на зададените прашање 55% од времето, во споредба со 42% во повеќе декорираните училници.

Овие откритија не индицираат дека декорациите треба комплетно да бидат исфрлени од училниците. Дури и експертите сметаат дека треба уште да се вршат анализи за да се разбере какви ефекти имаат на процесот на учење. Во меѓувреме, училиштата треба да ги намалат, или да имаат подобра стратегија околу поставувањето на истите, односно да ги поставуваат на места каде што нема премногу да им го одвлекуваат вниманието на учениците, па да видат како тоа ќе се одрази, сметаат експертите.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование