X
 04.05.2019 Економија

Во Австрија недостига овој кадар, проверете дали ги исполнувате условите за работа

Австриската организација „Привилег“ објави листа со 45 дефицитарни професии во Австрија. Работниците од земјите што не се членки на ЕУ можат да поднесат барање за црвено-бела-црвена карта („Rot-weiß-rot Karte“), која се заснова на систем на бодирање.

На листата се заварувачи, бравари, керамичари, економисти итн.

Барање можат да поднесат работниците од регионот ако ги исполнуваат следните услови:

- Имаат стручно образование за една од дефицитарните професии (мора да се приложи доказ за стручноста);

- Имаат задолжителна понуда за работа во Австрија, за која ќе добијат барем минимална плата пропишана со закон или колективен договор и евентуално вообичаен додаток, кој го исплаќа компанијата;

- Го има потребниот минимален број на бодови во системот за бодирање за стручњаци во дефицитарните професии (55 од можни 90).

На листата со професии за кои има недоволна понуда на работна сила има и голем број работни места за квалификувани работници, како металостругари, машински техничари, заварувачи, бравари, лимари, техничари за обработка на дрва и други.

Тука можете да ја погледнете целата листа.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија