Библиотеките се непроценлив извор на знаење. Многу од нив, покрај богатството на содржината, ги воодушевуваат љубителите на книгите и со својот грандиозен изглед, како што е библиотеката „Адмонт Аби“ во Австрија.
Сместена на реката Енс во Југоисточна Австрија, библиотеката „Адмонт“ била изградена во 1776 година и воодушевува со својот изглед.
Името „Адмонт“ доаѓа од латинскиот израз „ad montes“ што значи „на планините“, соодветно име бидејќи манастирот се наоѓа на границата со планинскиот национален парк Гезеузе. Архитектурата, фреските, скулптурите, сликите и елаборираните резби од варовник покажуваат дека библиотеката е една од најголемите доцноевропски барокни креации.
Седумте тавански фрески го рефлектираат просветителството и биле направени од Бартоломео Алтомонте во летните месеци на 1775 и 1776 година. Во библиотеката има и скулптури кои ги изработи барокниот скулптор Јозеф Стамел. Неговите скулптури, „Четирите последни нешта“, се група од четири многу големи скулптури на смртта, последниот суд, рајот и пеколот.
Самата библиотека има над 70.000 тома, додека опатијата поседува речиси 200.000 книги (меѓу нив има и 1.400 ракописи), а најстарата датира од 8 век. За жал, економските кризи од 30-тите години ја принудија опатијата да продаде некои од нејзините дела во својата уметничка колекција.
Презентирана во комбинација на златна боја со примеси на бело, „Адмонт Аби“ содржи седум куполи украсени со фрески од Бартоломео Алтомонте, кои претставуваат неколку различни фази на човечкото знаење.
Извор:
6yka.com
Фото:
Instagram