X
 19.10.2016 Живот

Финансиски грешки што се прават со добивање на нова работа

Можноста да се промени работата или да се добие подобра е возбудлива. Уште подобро е ако платата е поголема. Но, тоа исто така подразбира и ризици во случај непромислено да донесете финансиски одлуки што се грешни.

дете и пари

Прочитајте 5 финансиски грешки што најчесто се прават:

Веднаш правите големи трошоци

Можеби добивте поголема плата и решавате да си го купите омилениот спортски автомобил или нешто друго што има голема парична вредност. Позадината на тој потег можеби е само долгиот копнеж и неможноста да си ја остварите желбата до тогаш. Реално, со такви одлуки не треба да брзате. Почекајте неколку месеци да видите како ќе го користите дополнителниот надомест и дали има место за заштеда. Во меѓувреме размислете колку тој предмет Ви е навистина потребен. Нема потреба од брзање: ако сте чекале толку време, имајте трпение уште малку.

Посегнувате по кредит


Иако првин би помислиле дека по кредит луѓето посегнуваат кога немаат доволно пари, всушност, го земаат кога имаат поголеми приходи со кои однапред знаат дека ќе можат да го исплатат, а во меѓувреме ќе имаат чувство дека можат да трошат повеќе пари. Ако знаете дека ќе добивате повеќе пари во наредниот период, подобро е најпрвин да заштедите за она што сакате да го купите, наместо да земете кредит и да плаќате камати.

Не практикувате да штедите

Ако сте успеале да добиете поголема плата не значи дека треба да се опуштите затоа што сте безбедни финансиски. Всушност, тогаш е вистинско време да ставите пари на страна затоа што лажното чувство на безбедност ќе Ве однесе во спротивна насока. Во случај да ја изгубите таа добра плата нема да имате финансиска сигурност освен ако не практикувате да имате заштеда што ќе остане недопрена.

Не обрнувате внимание на дополнителни трошоци

Кога имате поголем прилив на финансии, добро е да проверите дали сте потфрлиле некаде и дали имате заостанати долгови. Покачувањето на платата и без тоа веројатно е дека ќе го истрошите на задоволства, но тоа нема да ги избрише долговите. Искористете го за да ги исплатите првин нив. Ако дојде ред приходите да се намалат, ќе имате помирен сон.

Не го ревидирате личниот буџет


Секогаш кога имате финансиски промени: заработувате повеќе пари или пак имате повеќе или помалку трошоци, треба да одвоите време за да видите како Ви се распоредени средствата. Ова нема да Ви одземе многу време, но штом еднаш имате идеја каде Ви одат парите, подобро и поодговорно ќе раководите со нив. Така ќе знаете и кога може повеќе да заштедите, а кога да си пружите повеќе задоволства.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот