X
 04.05.2020 Образование

Битолски матуранти со интересно карантинско видео

Веќе е јасно дека годинава матурантите нема да имаат матурски прослави. Но, тие се обидуваат да останат позитивни и да создадат спомени на малку поинаков начин. Матурантите од битолската гимназија „Јосип Броз – Тито“ снимија интересно видео со кое сакаат да ја одбележат нивата матура. Секој од нив во домашни услови снимил кратко видео со само еден збор, а од „ДримКаст продукција“ и „Гимел студио'“ го измонтирале и направиле видео со кавер на популарната песна од Били Ајлиш, „Bad Guy“.

- Матурантите од „Горната“ се креативни за време на карантин. Покрај ситуацијата со коронавирусот, во домашни услови, успеавме да снимиме една „наша“ песна која со случајно нафрлени зборови снимени во кратки видеа со мобилен телефон, малку „Cubase“ и малку „Adobe Premiere“, звучи вака - пишува во описот на „Јутјуб“.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование