X
 12.07.2016 Образование

Просечната оценка на матурата е подобра од лани, изнесува 3.42

Просечната оценка од државната матура за оваа година е 3,42 и е повисока  во однос на минатата учебна година кога средниот успех беше 3,37.



Во јуни за државна матура беа пријавени 16.859 кандидати. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), деветтата генерација матуранти покажала најдобри резултати на тестот по странски јазик (француски, германски или руски) за кој средната оцека е 3.99.  Вкупниот просек за мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, годинава е 3.66.

Приговори на резултатите може да се поднесуваат од денеска до 14 јули во училишните комисии. Конечните резултатите од полагањето во јуни ќе бидат објавени на 20 јули во училиштата.

Учениците кои ја пропуштиле јунската испитна сесија, следна можност за полагање државна матура имаат во август, а пријавувањето во училиштата трае од 13 до 21 јули.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование