Под мотото #ОстаниДома, група од врвни македонски артисти, меѓу кои: Влатко Стефановски, Калиопи, Тамара, Весна Гиновска Илкова, Симон Трпчески, Андријана Јаневска, Ленче и Горан Кукиќ, Игор Џамбазов, Бени, Алкесандар Митевски и Драган Спасов- Дац, Вера од Љубојна, Влатко Лозановски, Пере од Нокаут, Миле Кузмановски и Васил Зафирчев, ги соединија своите гласови и позитивни енергии во изведба на легендарната „Чукни во дрво“.
Покрај авторот на песната Влатко Стефановски, свој придонес во проектот дадоа Мандолинскиот оркестар „Скопје“ во аранжаман и под диригентска палка на Ерхан Шукри, Иван Кукиќ на бас гитара и Јан Стефановски на тапани.
Оваа верзија на песната е во организација и продукција на Македонската радио телевизија.