Додека земјите низ светот ги отвораат границите и ги олабавуваат мерките за спречување на ширењето на ковид-19, Кина ја зајакнува својата стратегија за борба против болеста.
Државата изградила карантински комплекс за странците што ќе ја посетуваат земјата. Изградбата на комплексот чини 260 милиони долари, а во него има дури 5.000 соби. Тој се наоѓа во Гуангџоу.
Комплексот е голем колку 46 фудбалски игралишта, а бил изграден од темел за помалку од три месеци. Тој треба да ги замени специјализираните хотели во градот во кои се сместуваат странците и домашните жители кои влегуваат во земјата од странство.
Патниците што пристигнуваат во Кина ќе бидат пренесени со автобуси до комплексот, каде што ќе останат две недели. Секоја соба е технолошки опремена, а робот им доставува оброци на гостите.
Според експертите, ова е првиот од повеќето карантински комплекси што Кина веројатно ќе ги изгради за да го намали пренесувањето на ковид-19. Во тек е изградбата на комплекс со 2.000 соби во Донгуан, а Шенжен исто така планира да изгради ваков комплекс.
Границите на Кина беа затворени за повеќето странци над 18 месеци, а оние што можат да влезат треба да бидат во карантин во хотел две недели и уште една недела да останат во домашна изолација. Ова важи и за оние што се вакцинирани против ковид-19.
Новиот комплекс во Гуангџоу треба да се отвори во првата половина на октомври.
Извор:
CNN
Фото: Youtube/Printscreen