X
 27.08.2021 Живот

Учебната година во средните училишта во Тетово и во Гостивар ќе почне онлајн

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека средните училишта во Гостивар и во Тетово ќе ја започнат учебната година со онлајн-настава. Основните училишта ќе стартуваат со физичко присуство. Една од главните причини за оваа одлука е оптоварувањето на болниците во овој регион со ковид-пациенти.

- Со консензус се донесе препораката за средните училишта во Полошкиот Регион, Тетово и Гостивар, учебната година од 1 септември да ја започнат онлајн и тоа да биде во првите две недели, а понатаму согласно тоа како ќе се одвива ситуацијата со бројот на новодијагностицирани лица - истакна Филипче.

- Ваквата одлука во Комисијата ја донесовме поради ситуацијата со болниците, и не сакаме да се случи дополнителен притисок. Добро е што бројките постепено се намалуваат, и добро е што се отвораат дополнителни пунктови за вакцинација. До неодамна процентот на вакцинираност во Тетово беше 23 проценти, а сега е 35 проценти – додава Филипче.

фото: Unsplash

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот