Естонија, држава на само 1,3 милиони жители, но и признаен лидер кога станува збор за дигиталната економија, одржала тридневен хакатон во кој над 1.000 програмери претставиле решенија за намалување на негативните ефекти од пандемијата на коронавирус.
Виртуелниот настан „Хек д крајзис“ или во превод „Хакирај ја кризата“ започнал во март, веднаш откако државата прогласи вонредна состојба и ги затвори границите. На настанот учествувале луѓе од повеќе од 20 земји и 14 временски зони.
За да се квалификуваат за учество, проектите требало да имаат влијание на кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот, како и да може да се тестираат и преку нив Естонија да биде пред останатите земји по пандемијата.
Фото: Freepik
Најдобрите пет проекти добиле награда од 5.700 долари кои треба да им помогнат на креаторите да ги реализираат идеите. Некои од проектите веќе се реализираат.
Помеѓу победниците има апликација со која се поврзуваат луѓето од ранливите групи кои се во изолација со волонтери кои се подготвени да им помогнат доколку е потребно. Има и идеја за иновативна респираторна машина, како и интерактивна база на волонтери кои им помагаат на
докторите кога е потребно.
Фото: Талин/Freepik
Била наградена и апликација со која компаниите може да споделуваат работници наместо да ги отпуштаат поради пандемијата. Последниот награден проект е апликација за следење на здравјето која може да го следи ширењето на коронавирусот, но и им помага на корисниците да ги препознаат симптомите. Оваа апликација веќе се користи во Естонија и Австралија.
Во Естонија има над една илјада технолошки стартап компании и четири „еднорози“ - стартапи вредни над 1 милијарда долари. За време на парламентарните избори во 2019, 43,8% од гласачите гласале по електронски пат.
Автор: Даглас Брум
Извор:
weforum.org