Бразилските шуми изобилуваат со егзотични видови птици. Она што може да го видите и слушнете во овој зелен рај е сосема различен свет.
Атлантскиот шумски регион во Југоисточен Бразил е преполн со шарени ендемични видови птици. Атлантската шума се протега на 1.900 квадратни километри покрај брегот на Бразил.
Aвифауната на
Бразил вклучува вкупно 1.822 потврдени видови, од кои 238 се ендемични. Биодиверзитетот на Бразил и леснотијата на пристапот до животинскиот свет го прават трендовска дестинација за фотографи на птици од целиот свет. Бразил има различни области, од огромното подрачје на Амазон, најголемата природна мочуришна област на Земјата, Пантанал, до уникатните атлантски шуми, кои се дом на некои од најзагрозените видови животни на планетата.