Компјутерската програма „Свет еден“ (англ. World one) била развиена од научници на Технолошкиот институт во Масачусетс во 1973 г. Станува збор за програма чија цел била да ги предвиди идните трендови во светот според повеќе фактори.
Меѓу другото, било предвидено дека загадувањето на воздухот ќе биде толку големо, што ќе убие голем дел од светското население, се објаснува во видеото од „Анвејлд“ подолу.
Фото: Pixabay
Програмата точно предвидел дека населението бргу ќе се зголемува од 70-тите години до 2020, но и дека во истиот период ќе се намалуваат природните ресурси на Земјата. Програмата го предвидела крајот на цивилизацијата во 2040 г., а покажала и дека почетокот на 2020 ќе биде многу критичен период за светот.
Генерално, дел од предвидувањата на програмата се реализираат од 1973 година наваму. Аналитичарите што работеле на програмата порачале здружување на глобалните сили за намалување на глобалното загревање и спречување на апокалипсата што ја предвидува програмата. Порачале и намалување на емисиите на штетни гасови од најголемите загадувачи.
Сега гледаме земји што работат на намалување на загадувањето, но останува прашањето дали сето тоа ќе биде доволно.
Извор:
Unveiled