X
 22.09.2017 Наука

Зошто е толку тешко да се предвидат земјотресите?

Според истражување објавено во магазинот „Наука“, не постои начин да знаете кога ќе се случи земјотрес - дури и ако сте експерт. Истражувачите откриле дека навистина не постои начин да се открие колку ќе биде голем земјотресот кога ќе се почувствуваат неговите најрани движења.

Земјотресите најчесто се мерат според нивната магинтуда или големината на земјотресот во самиот негов извор. Во моментов не постои начин за сигурно предвидување на земјотрес. Кога би знаеле колку земјотресот може да биде силен, тоа би можело да им помогне на луѓето подобро да се подготват.

„Кога луѓето почнаа да измислуваат системи за рано предупредување, некои луѓе мислеа дека ќе може да се предвиди и магнитудата на земјотресот“, вели авторот на истражувањето, Манс-Андрин Меиер.

Собирајќи информации од повеќе од 100 земјотреси (со магнитуда од 7,0 или повисока) низ светот, тие откриле дека кога земјотресот започнува, големината оди линеарно, па највисоко, а потоа се намалува, правејќи груб триаголник или ^ форма во податоците. За луѓето што го искусуваат земјотресот, тоа значи дека нема да знаат дека го постигнал врвот додека не започне да опаѓа јачината.

„Мислам дека ова е доста важно истражување. Не сум изненаден, сум го искусил овој феномен од прва рака“, вели Кристофер Шолц, геофизичар на Универзитетот „Колумбија“, кој не бил вклучен во истражувањето.

Шолц бил во Токио набрзо по земјотресот во 2011 година, додека афтершоковите сè уште ја треселе земјата.

„Чувствувате како површинските бранови се зголемуваат и не знаете кога ќе запре сè додека тресењето не почне да се намалува“, вели Шолц.

Со ваков едноставен образец, сигурно се запрашувате зошто луѓето претходно не го забележале. Тоа е така затоа што техниките на набљудување и моќта на пресметување потребни за собирање на овие информации се присутни релативно кратко време.

Проблемот е што е навистина тешко да се набљудуваат земјотресите директно. Можеби се чини чудно, бидејќи гледаме што тие предизвикуваат и чувствуваме како трепери земјата под нашите нозе. Но потеклото на ова геолошко тресење е сосема недостапно за научниците. Земјотресот што го погоди Мексико Сити оваа недела започна на 30 километри под површината, далеку од какви било камери или инструменти кои би можеле точно да покажат што се случува кога земјата ги ослободува тие бранови на енергија.

Но ако не може да се набљудува раѓањето на сеизмички настан како овој, научниците мора да се задоволат со индиректни набљудувања. За да ги добие информациите користени во ова истражување, еден од колегите на Меиер, Линглинг Је, собрал набљудувања од тресење на земјата од целиот свет за време на различни земјотреси.

За секој земјотрес Је не само што ги гледал линиите „фатени“ од сеизмометрите што се најблиску до настанот туку исто така собирал читања од далечни локации. Информациите од сеизмометрите во Јапонија или Германија може да содржат различни детали за паузата, давајќи поцелосна слика за тоа што се случило. Је потоа ги собира сите информации заедно за да добие идеја за тоа како се зголемува големината и како се намалува.

Истражувачите како Меиер се надеваат дека иако не можат да предвидат кога ќе се случи земјотресот, нивните истражувања би можеле да им помогнат на системите за рано предупредување да откријат како побрзо да процесираат и да испраќаат ажурирани информации во поголеми области, како што мерењата започнуваат да доаѓаат.

Големото прашање е како да се дизајнира систем за рано предупредување кој генерира најмал број на лажни предупредувања и што е можно поголем број на точни предупредувања.

За ова ќе бидат потребни повеќе истражувања. Меиер забележува дека иако сите земјотреси што ги анализирале го имале истиот модел, имало некои чудни абнормалности.

„Дел од истражувањето сугерира дека големите, со магнитуда од 8, имаат разлики што не можат да се објаснат“, вели Шолц.

За овие земјотреси формата е далеку поостра од помалите. И тие може да се претстават со триаголна форма, но со големи (или многу мали) отстапувања од тресењето на двете страни на линијата. Истражувачите ќе мора да истражуваат многу пред да дознаат зошто.

Освен што се фокусира само на земјотреси со магнитуда над 7, овој труд се фокусира и на земјотреси со зони на зрачење или земјотреси што се случуваат кога еден дел од кората на Земјата се лизга под другиот. Идните истражувања би можеле да истражуваат дали истиот модел може да се примени и на земјотреси што се случуваат во други ситуации.

„Постојат многу отворени прашања, а ние сме на почетокот, а не на крајот на проблемот. Ова е првото спектакуларно набљудување. Ќе се обидеме да откриеме што значи сето ова“, завршува Меиер.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука