X
 07.04.2023 Живот

Серијата „Симпсонови“ поголем предвидувач од Нострадамус - погоди за апсењето на Трамп и филмот за Барби

Култната анимирана серија „Симпсонови“ предвиде многу настани, а се чини дека во една епизода од 1994 година се предвидени два настани кои се актуелни последниве денови.

Првиот настан е апсењето на Доналд Трамп, а вториот е хистеријата настаната околу филмот „Барби“. Во епизодата „Лиза против Малибу Стејси“, Лиза Симпсон се обидува да ги натера креаторите на куклата Барби да произведат играчка која има пофеминистички изглед и која ќе ги зајакне младите девојки.

Во една од сцените, семејството Симпсонови гледа ТВ-програма во која водителот Кент Брокман зборува за кампањата на Лиза.

- Иако беше невообичаено да се поминат 28 минути во известување за кукла, овој новинар откри дека е невозможно да се престане да се зборува за тоа. Луѓе, ова е навистина фасцинантна вест. Добра ноќ. Е да, и претседателот беше уапсен - вели Брокман.

Иако причината за апсењето на „претседателот“ во серијата е убиство, факт е дека двете ситуации речиси морничаво се поклопиле. На социјалните мрежи луѓето пишуваат дека ова е нивната најточна прогноза досега.

- Филм за Барби и апсење на Трамп? Симпсонови навистина ја предвидоа иднината - пишуваат некои од интернет-корисниците.

Во минатото „Симпсонови“ многу пати во сериите предвидуваа низа настани, од немирите на Капитол до тоа Камала Харис да стане потпретседателка. Доналд Трамп првпат стана претседател во „Симпсонови“, а само неколку години подоцна тоа се случи во реалноста.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот