Мате Римац, косопственик на „Бугати Римац“, на
„Фејсбук“ објави дека бара нови работници.
Се бараат дури 252 лица за девет локации. Од нив, „Римац технолоџи“ бара 146 лица, а „Бугати Римац“ вработува 106 лица.
- Годинава ни се придружија 300 колеги, а до крајот на годината ќе ни требаат повеќе од 400 лица - напиша Римац.
И во двете компании се бараат низа стручњаци, претежно инженери и програмери.
Оние што ќе успеат да влезат во компаниите ќе работат во Света Недела и Савска Опатовина кај Загреб, во Сплит, Осиек, Варвик во Обединетото Кралство, а едно слободно работно место е во Берлин.