X
 07.05.2023 Технологија

Хрватски „Римац“ ќе го освојува пазарот за батерии со револуционерен изум

Откако хрватската компанија за суперавтомобили „Римац“ се реструктуираше и подели на неколку посебни фирми, тргнува во освојување на нов пазар. Компанијата ќе влезе на пазарот на стационарни системи за складирање на енергија со нов бренд наречен „Римац енерџи“.

Од компанијата појасниле дека нивната одлука се темели на целите за остварување на целосниот потенцијал за производство на обновлива енергија и поттикнување на декарбонизација на енергетската мрежа.

Тимот на „Римац енерџи“ се составувал во последната година и половина, а досега биле развиен нов состав на батерија која ги намалува загубите за до 50 отсто, а зафаќа до 40 отсто помала површина во однос на другите решенија. Батеријата има продолжен животен век, но и трошоците за самиот состав и неговата инсталација се конкурентни.


Фото: Rimac

- Во „Римац“ отсекогаш сме биле мотивирани од иновациите и желбата да ги поместиме границите на она што е можно во автомобилската индустрија. Сепак, ја препознаваме важноста на решенијата за стационарни батерии за да се забрза транзицијата кон обновливи извори на енергија. Имајќи ги предвид нашите минати резултати на полето на иновативни батериски системи, веруваме дека ќе одиграме клучна улога во градењето на идните енергетски екосистеми на Европа и ќе ги подигнеме на глобално ниво - изјавил директорот на „Римац енерџи“, Васим Сарвар Дилов.

Во првата фаза, компанијата ќе нуди решенија во комерцијалниот и индустриски сектор како поддршка на електроенергетската мрежа. Во меѓувреме, течат преговори со клиенти за проекти во областа на обновливата енергија.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Мате Римац/Rimac
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија