X
 06.02.2023 Технологија

Мате Римац: Кога би можел да се вратам во времето, не би останал во Хрватска

На конференција за технолошките трендови во ИТ-индустријата, хрватскиот претприемач Мате Римац открил дека му било понуденo да ја премести компанијата во друга земја, но го одбил тоа. Како што рекол, горд е на тоа што работи во Хрватска, но кога би можел да го врати времето, некои работи би ги направил поинаку.

Римац го раскажал искуството во преземањето на луксузниот бренд „бугати“ и открил дека на почетокот не мислел дека понудата била сериозна.

- Сакав да го задржам бизнисот во Хрватска. Имавме толку тешки ситуации што изгледаше дека нема да успееме. Некои вработени знаат колку тешки периоди сме имале, дека не можевме ниту да платиме за изнајмување на канцелариите - открил Римац.

Тој се потсетил и на моментите кога инвеститорите му велеле дека ќе вложат во компанијата само доколку таа биде преместена во друга земја, но го одбил тоа.


Фото: Rimac

- Сега сум горд на тоа. Сега овде имаме 2.000 луѓе. И понатаму сум горд на она што го правиме во Хрватска, но всушност, да бидам сосема искрен, мислам дека тоа беше голема грешка - изјавил Римац.

Тој објаснил дека сигурно би му било полесно доколку компанијата работела на друго место.

- Мојот живот е многу потежок бидејќи ова го правиме во Хрватска. Се надевам дека донесов добра одлука, но сакам и да придонесам за екосистемот во Хрватска. Кога би можел да се вратам назад во времето, веројатно би одлучил поинаку - изјавил тој.

Извор: Green
Насловна фотографија: Rimac
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија