X
 04.06.2018 Култура

Одлична замена за море: Европски езера идеални за одмор

Природа, планини, езера. Идеални за кампување, активности и одмор. Ако се одлучите за посета на едно од овие шест езера, сигурно нема да згрешите - годишниот одмор ќе ви помине во мир и идила.

Комо

komo
Фото: Thinkstock

Италијанските езера секогаш имаат одлична понуда, како и италијанските градови. Езерото Комо на северот на Италија зазема површина од 146  квадратни километри и претставува едно од најдлабоките езера во Европа. На ова место многу богаташи изградиле вили бидејќи местото е прекрасно, па немојте да се чудите ако во текот на прошетката го сретнете семејството Клуни.

Гарда

garda
Фото: Thinkstock

Најголемото езеро во Италија лежи во подножјето на Алпите, на околу половина пат помеѓу Венеција и Милано. Езерото со текот на времето станало една од најдобрите туристички дестинации, со голем број луксузни хотели, но и останатото апартманско сместување. Во близина се наоѓа и најпопуларниот европски забавен парк - Гардаленд.

Маџоре

madzore
Фото: Thinkstock

Езерото што ги дели Швајцарија и Италија претставува оаза за туристите со длабок џеб. Сепак, езерото на мапите се појавило на почетокот на 20 век, кога тунелот Симплон во Алпите овозможил поминување на „Ориент експрес“. Во тој момент на брегот на езерото почнале да „никнуваат“ вили, од кои голем дел денес се во функција.

Блед

bled
Фото: Thinkstock

Ова словенечко езеро воодушевува со својата убавина, а во негова близина можете да уживате во луксузните, но и обичните апартмани. Цените за сместување се поволни, а природата ќе ве остави без здив.

Скадарско Езеро

4

Најголемото езеро на Балканскиот Полуостров е сместено помеѓу Црна Гора и Албанија. Езерото има богат растителен свет и повеќе од 270 видови птици.

Охридско Езеро

ohridsko
Фото: Thinkstock

Како и Скадарското, и ова езеро се наоѓа на граница, меѓу Македонија и Албанија. Настанало пред ледената доба и содржи повеќе од 200 ендемски видови. Езерото е заштитено од УНЕСКО.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура