Жителите на Малезија пронашле многу необичен начин за намалување на јавниот долг. Државата, чиј долг изнесува речиси 80 отсто од БДП, сега има помош од своите жители, кои го плаќаат долгот со сопствени пари, преку „Краудфондинг“ кампања.
Веќе првиот ден собрале речиси 2 милиона долари, иако тоа е сосема малку со оглед на тоа што долгот на Малезија изнесува 250 милијарди долари. Но се чини дека во оваа азиска држава и понатаму преовладува оптимизмот по првата промена на власта од 1957 година, па жителите се подготвени да ѝ помогнат на државата.
Кампањата била започната од 27-годишно лице кое вели дека е заљубен и горд на својата земја.
- Граѓаните буквално ги делат своите пари со владата за да помогнат да се реши овој товар - вели министерот за финансии Лим Гуан Енг и додава дека ваквиот начин за собирање пари е систематичен и транспарентен.
Овој начин на помош потсетува на доцните 90-ти кога жителите на Јужна Кореја стоеле во редови за да ги донираат своите венчални прстени и останати вредности за да ѝ помогнат на државната економија за време на финансиската криза во Азија.
Иако меѓу
Малезијците преовладува оптимизам, економските експерти не се толку воодушевени со овој начин на враќање на огромниот долг и предлагаат поефикасни начини, како плаќање на данокот и купување домашни производи.